Соработува со Заев од 2018-та: Протуѓер ги врбувал обвинетите лажно да признаат вина во случајот Титаник – животот пишува романи, а овој човек е дефинитивно негативецот

t

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, шефот на кабинетот на Никола Груевски – Мартин Протоѓер, како и уште петмина други обвинети во случајот „Титаник“ признаа вина.

Како што дознава Инфомакс главен соработник на обвинителството во организирање и убедување за спогодби и признанија на вина е токму Мартин Протуѓер.

Тој оваа активност ја започнал уште во 2018 година кога почнал поединечни разговори со дел од неговите сопартијци откако претходно се ставил на располагање на обвинителството. Подоцна стапил и во комуникација со Зоран Заев каде се родила “една нова љубов”, така што соработката се издигнала на највисоко ниво.

Викајќи ги настрана или посетувајќи ги по нивните домови Мартин Протогер за кого велат дека е многу плашлив човек има моќ на убедување, но и дека е апсолутен шампион за манипулирање со луѓе и со различни ситуации најчесто сугестибилно. Како што кажуваат оние кои не подлегнале на неговите активности настапувал со зборовите:

„Дај да си признаеме вина, да се спогодиме за лесно да поминеме, и да си гледаме само за нас, да се ослободиме и раатисаме. Нели гледаш дека партијата не заборави. Дај да си се договориме и да си ја летнеме после, правејќи потег со рака како кога се опишува како полетува авион”.

Мартин Протогер ова го правел за да не биде единствен кој ќе признае вина но и за да обезбеди милост за него од Заев и обвинителството.

На коментарите дека не се виновни и дека ќе наштети на другите, Протогер коментирал дека дали се виновни или не одлучува власта и Заев, а не судиите и дека без соработка со нив ќе завршат лошо.

“За другите ти да не му ја мислиш, нека се снаоѓаат како знаат, ти гледај си ти да се спасиш” коментирал Протуѓер глумејќи искрено пријателство, а всушност врбуван од власта и обвинителството да изработи за нив”.

Па така, убедил седум лица од кои дел од нив и не се ниту свесни за што признаваат вина.

На пример Катерина Веловска поранешен заменик министер за економија, била обвинета дека го водела кол центарот во изборната кампања. Кол центар е соба од каде поголем број активисти на партијата се јавуваат по телефон на граѓани за да им ја раскажат програмата и проектите со кои настапува партијата на следните избори.

Тоа е сосема нормална и легитимна работа за која токму Протуѓер своевремено организирал преку институтот ИРИ членови на партијата партијата да одат на студиско патување за време на изборите во САД и да ги посетат двата табора, оној на Демократите и оној на Републиканците и одблиску да се запознаат со тоа како тие работат во кампања и кои методи ги применуваат. По враќањето една од работите која партијата ја превземала од оваа земја со голема демократска традиција, биле токму кол центрите.

Катерина Веловска во еден период го координирала работењето на тој кол центар. Нема никаква разлика дали оди некој активист од врата до врата и ја презентира програмата или се јавува на телефон па ако гласачот се соглас, и да му биде презентира програмата. Сето тоа е законски, легитимно и пракса од Америка до Европа, но и во Азија. Но, Катерина Веловска беше обвинета за тоа и 5-6 години одеше на суд, а Протуѓер кој ја предложил за таа позиција во кол центарот, сега ја убедувајќи ја да признае вина и да се спогоди за условна казна.

Како што дознаваме тој бил горд на тие свои активности и се сметал за мастермаинд за манипулација со умот на луѓето.

За иронијата да е уште поголема кога Протуѓер бил осомничен за Титаник околу делот за изборите во Охрид, четворица полициски службеници биле повикани во СЈО да сведочат против него

Тој тогаш преку разни канали ги пронашол и стапил во контакт со нив. На средба му било посочена дека им се заканиле дека или треба да сведочат против него или ќе ги стават и нив на листа на обвинети и ќе одат на суд.

Протуѓер користејќи ги своите манипулативни способности ги убедил да не попуштаат и дека со заеднички настап на суд ќе бидат ослободени од прогон.

Групата полицајци веќе петта година се влечат по судови бидејќи го избрале достоинстото и вистината за сега од Протуѓер да бидат убедувани да признаат вина во случајот.

Сепак обвинетите полицајци во случајот останале доследни до вистината и одбиле да признаат вина.

Последен пат Протуѓер ги контактирал вечерта пред да признае во судот вина. Сепак обвинетите останале доследни, но ситуацијата е следна. Тој признава вина и поради неговиот договор со Заев најверојатно ќе помине без затворска казна, а полицајците кои го заштитиле, односно одбиле лажно да сведочат се уште се влечат по судови.

Не само што и натаму се на суд, сега веќе и нивните позиции во предметот се многу лоши. Со неговото признавање вина, шансите да бидат осудени со затворски казни се големи.

Дека лицата кои признаа вина се измамени од страна на Протуѓер доволен пример е случајот „Топлик“ кој е пред пресуда. И покрај соработката на Јанакиевски со Протуѓер, обвинителот Бурим Рустеми денес побара затворски казни за обвинетите, меѓу кои и екс – министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Според Рустеми, доказите упатуваат на директен договор меѓу обвинетите за продажба на државното земјиште на фирма за изградба на Сончев Град во општина Сопиште, а со тоа на буџетот му била нанесена штета од еден милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…