Состојбата на српските деца на лекување во Бугарија и понатаму е тешка
Децата примени во најголемата бугарска болница „Пирогов” по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, меѓу кои и од Стара Загора. Нема директна опасност по нивните животи, додаде д-р Димитров. Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов” се во готовност. Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија.
Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта.Во две одделни интервјуа за БНТ и бТВ. Јовиќ ги дефинираше активностите на бугарските спасувачки и медицински тимови како многу професионални. Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија. Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки.
Благодарам сограѓани Бугари, благодарам до сите институции, до градоначалникот на Стара Загора, до обичните луѓе. Во првиот момент ја видовме реакцијата на обичните луѓе кои се вратија од морето, кои веднаш реагираа, тие не размислуваа за себе. Многу благодарам на сите што учествувавте, изјави српскиот амбасадор во Софија, Жељко Јовиќ. Тој коментира дека и Србија ќе спроведе своја истрага по завршување на истрагата на бугарските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…