Сотир Костов: Бугари, вие сте крадци и фалсификатори на историјата!- Смрдеата од неисчистените Авгиеви штали на бугарската историографија и политика (1)

t

Бугардскиот национализам и шовинизам – најголем непријател на
самостојноста на Македонија и конституирањето на македонскиот народ и нација

Почитувани мои Македонци, испровоциран сум од перфидната игра на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, наследник и софистицирана варијанта на Бојко Борисов, во врска со ‘’заедничката историја на Бугарија и Македонија и за заедничкото славење на истата’’. Тој се покажа како лицемерен експонент на денешната бугарска државна политика, замаскирана со лажното лице на пријателство и добрососедство. А таа и таква експанзионистичка и шовинистичка политика, најпрвин ја прифати наивниот или програмираниот Зоран Заев, а сега, гледаме дека по неговиот пат оди и Димитар Ковачевски, неговиот наследник во премиерската фотелја. Замислете, господинот Петков имал 15 години да ги реши прашањата со Македонија, а според него, и да се пушти Македонија да оди по патот кон Европа, не значело дека Македонија се пушта во Европа. Епа добро сега знаеме кој зема патарина за “европскиот пат“ и кој го држи клучот за “европската капија“. Уличен полицаец и клучар на европската Вавилонска кула – 2 во 1.
Уште повеќе и револтиран и навреден сум од крајно тенденциозните и понижувачки изјави за формирањето на македонската нација и македонскиот јазик, од страна на неговите претходници и сегашни соработници како Божидар Димитров(сега веќе покоен), Красимир Каракачанов(поранешен министер во Владата на Република Бугарија), Екатерина Захариева(поранешна министерка, а сега пратеник во собранието на Р. Бугарија), Христо Ковачки(евро пратеник), Румен Радев, претседател на Р.Бугарија. Навреден и понижен од “добрососедски добронамерници“ и разочаран и гневен од колаборацијата на македонската владејачка врхушка со блгарските политици, одлучив да напишам краток серијал колумни, како моја одлучна и енергична реакција, но и како протест за нивната политизација на историјата, пројавена како голема и срамна историска лага, научен фалсификат и политичка кражба. Серијалот е продолжување на моите пишувања на оваа тема од 2017 година. Е па брато Петков, сакајќи да ви помогнам во големата Блгарска осека на научно фундирани текстови за клучните прашања на историските процеси низ кои се граделе македонската самобитност, национална слобода и државна конституционалност, во вид на сички екстри и ол инклузив, ве дарувам со факти и аргументи за историската вистина за Македонија, Блгарија и Балканите. На твоето 2 во 1, мојот одговор е 3 во 1.
И веднаш едно нешто да појаснам: Кога велам дека Бугарите се крадци на историјата, конкретно, т.е. најконкретно мислам крадци на македонската историја. А кога пак велам дека се фалсификатори, тоа значи дека се фалсификатори на својата историја. Ова за да сме на чисто, и да нема забуни и недоразбирања.
Воден сум само со една и единствена цел – да ја изнесам историската вистина, како НЕЗАБОРАВНИК – ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ, која не започнува ниту од Референдумско потврдувачката 1991ва, ниту пак од Државотворната и Асномска 1944та, ниту од славната, Револуционерна и Илинденска 1903та. Напротив. Нејзините современи корени датираат од многу поодамна: од последната декада на 18от век, па до 1840 година, кога се напишани и објавени првите текстови на македонски јазик од Даниил Москополец, Теодосија Синаетски, Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. Продолжуваат во втората половина на 19от век, кога најпрвин се издадени првите учебници од Јордан Хаџи Константинов – Џинот и Кузман Шапкарев, родена е новата македонска литература со Димитар и Константин Миладиновци, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, и напишани се и првите граматики и национални публикации од Ѓорги Пулевски, Димитрија Чуповски, па се до плејадата од крајот на векот, и почетокот на следниот – Петар Поп Арсов, Војдан Чернодрински, и, се разбира, највпечатливиот афирматор на македонската посебност, Крсте Петков Мисирков. А да не ги заборавиме и Разловечкото востание(1876г.), Пијанечката Република(1878г.) и Македонското(Кресненско) востание(1878г.). Е дури потоа доаѓаат 1903-тата, па 1944-тата и 1991-та.
А после овој вековен растег, можеме ли да не ги споменеме и Коста Рацин, Венко Марковски и Блаже Конески, од првата половина на 20от век, и останатите Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јаневски, Коле Чашуле, од првата повоена генерација, па Анте Поповски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, од втората генерација, и Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Миле Неделковски, Евтим Клетников, Венко Андоновски, Горан Стефановски, и …. и … уште толкумина други, и многу повеќе, поради кои не сме народ и нација без национална свест, национална идеја, мисла и национален пишан збор.
Овие корифеи(и уште многу, многу други) на творбите на македонскиот дух, преку своите литературни дела, и низ најразлични јавни пројавувања – истражувања, мемоари, епистоларија – сите до еден, се огласија, енергично и ангажирано, чесно и жестоко, и ја деблокираа историската вистина, со цел да се осветли историската темна инерција и заблуда околу нашето име, идентитет, јазик, народ и држава. Сите тие, и многу други знајни и незнајни, се стамени воини за единствената македонска вистина. Се во функција на одбрана на македонството – видено, разбрано, сфатено и прифатено како позиција на разум, на цивилизациска суштина и на културна комуникација.
А сега нешто повеќе, и поконкретно, за негаторите на оваа македонска кауза, и противниците на македонската истрајба и опстојба. Тоа е делот од бугарските историчари, автори на бугарската историографија, кои ги создадоа нај искривоколчените историски идеи, мисли и записи за нас Македонците и нашата Македонија, но и за себе самите. Сите, од првата, до последната – идеја, мисла, запис – се најголеми невистини, од причина што не се поткрепени со издржани аргументи, а веродостојните факти им недостасуваат. Како такви, се чисти и голи лаги. Историски блам и фалц, во вид на грда и смешна монтировка.
Почнувам со констатацијата дека бугарската историографија во однос на Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик отсекогаш била во функција на великобугарската државна политика. Надополнувам дека слепо бранејќи ги великобугарските аспирации кон македонскиот народ, македонската територија, македонскиот јазик и на македонската држава отстапуваше од научните стандарди и историските факти и аргументи и се претвораше во пропаганден сервис на великобугарската политика на дневно политичка основа. Кога е во прашање Македонија и македонското прашање, безмалку повеќе од 150 години, бугарските историчари, ја пишуваат историјата според потребите, интересите и диктатот на бугарските политичари. Секако, има чесни исклучоци, но тие се многу малку на број.

(продолжува)

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласање или специјална операцијa

Ете, гласавме против СДС корумпирано и распаднато…

Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…

БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…

Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…

УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…

Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…

Сотир Костов: Неподносливата леснотија на манипулирање –…

Неподносливата леснотија на манипулирање Како да не…