Софија доби нов градоначалник: Победи кандидатот на партијата на Кирил Петков

t

Кандидатот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ („Спасете ја Софија“) за градоначалник на Софија, Васил Терзиев победи на вториот круг од локалните избори во Софија со 49,7 отсто, покажуваат резултатите од излезната анкета на „Алфа“.

Според податоците, кандидатката на БСП и „Левица“ Вања Григорова е втора со 43,8%.


Кога ќе има конечни резултати, ќе дадеме прес-конференција. Утре очекувајте од нас покана да разговараме со политичките лидери за резултатите во Софија, во земјава и да одговориме на сите прашања. Ова го изјави Васил Терзиев за медиумите по првите изборни резултати од вториот круг, според кои кандидатот на ПП-ДБ е новиот градоначалник на Софија.

Терзиев им се заблагодари на сите што гласале за него.

Сакам да им се заблагодарам на сите жители на Софија кои денеска излегоа да гласаат. Сакам да им се заблагодарам на оние кои ме поддржаа мене и на нашите кандидати за градоначалници на области, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрофанова: Русија може да си ги пемести…

Русија може да размисли за преместување на…

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

(Видео) Тепачки во Софија: Се отстранува споменикот…

Денеска во Софија официјално започна демонтирањето на…

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…