Социјалните мрежи вријат поради лажните вести во врска со Вања: ИМАЛЕ ЛИ ГРАМ СОВЕСТ?! Ова е за кривична одговорност!

t

Социјалните мрежи вријат откако по низа медиуми беа објавени лажни вести дека исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, е пронајдена во Косово.

Медиумите очигледно не го испочитувале основното правило, пред да објават нешто истото да го проверат во надлежните институции, бидејќи објава како оваа може да предизвика не само негативен ефект врз истрагата и потрагата по девојчето, туку и стрес кај семејството.

Ваквата постапка предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а во продолжение ви пренесуваме дел од нив.

– Старите рекле ако не можеш да помогнеш на човек доволно е барем и да не му одмогнеш. Гадни порталчиња и злобни луѓе престанете со теории на заговор, паметување и лажни вести во врска со исчезнувањето на Вања. Со вашите лаги и гадости трошите енергија и ресурси на МВР кој работи на пронаоѓање на девојчето. Имајте грам човечност и разбирање особено за родителите на Вања кои во секоја информација и напишан збор бараат надеж дека нивното дете ќе биде пронајдено. Каде ја изгубивте човечноста и како може толку туѓа болка да ве исполнува и да се ситите до бесвест. Секој што има некоја информација му советувам директно да пријави во полиција, а не за истото да пишува и коментира на социјални мрежи. Ширењето лаги создава паника и кај сите други родители кои имаат деца и кои живеат во немир секој пат кога нивното дете е излезено некаде надвор. Со верба, упорност и сплотеност верувам дека Вања ќе се врати жива и здрава кај своите родители. – напиша на Фејсбук Стефан Дувњак.

– Нам не ни треба регулација, Устав ни треба!

Во 15 часот мајката за Курир моли да не се објавуваат шпекулации! Веќе во 16 часот истиот медиум НЕОФИЦИЈАЛНО објавува дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава. Откако стига официјален демант, се нема ни грам совест да се отстрани текстот. Насловот си останува ист, „Вања е пронајдена“, само додаваат „МВР демантира“.

Па ако полицијата демантира, како тоа девојчето е најдено?! Некој го нашол и прв на Курир им се јавил?

Абе ни за најсензитивните информации немаме осет, срамно и грдо новинарство е ова.- напиша Мери Јордановска.

Во продолжение дел од коментарите во објавите на социјалните мрежи.

Дополнително, мајката на Вања претходно побара од медиумите и од останатите лица да не шират дезинформации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…

Втор ден потрага по малата Данка –…

Од вчера во тек е потрагата по…

Се огласи таткото на исчезнатата Данка: „Злато…

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи Милош…

Пронајдена марихуана кај девојче во средно училиште…

Осумнаесетгодишно девојче било приведено откако кај нејзе…