Сочувство од Пендаровски до турскиот народ
Претседателот Стево Пендаровски изрази длабоко сочувство по вчерашната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, а десетици се повредени.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави Пендаровски на Твитер.
Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот @RTErdogan и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) November 13, 2022
Властите во Турција веднаш ја означија Работничката партија на Курдистан, која ја сметаат за терористичка, дека стои зад овој напад.
Потсетуваме, пред шест години на истото место се случи терористички напад, кога бомбаш самоубиец активираше експлозив при што загинаа четири лица, а 36 беа тешко повредени. Таа година се случија серија терористички напади, од кои најтешкиот беше забележан на аеродромот Ататурк, кога тројца бомбаши самоубијци активираа експлозив и убија 41 лице. Тогаш одговорноста ја презеде Исламска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум месеци затвор за Игор Дашковски кој…
Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот…
Росица пријавувала насилство, тие не постапувале: Обвинение…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Трамп на 19 ноември планира одделна средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…
Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…
САД не се под системски напад, изјави…
Предложен притвор за вработениот во ДЗС фатен…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…