“Сојузниците” се скараа? Северен тек е камен на сопнување меѓу Украина и Западот
Украинскиот лидер Владимир Зеленски ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи на Германија, Анален Бурбок поради ставот на Берлин за проектот „Северен тек 2“, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор близок до украинската влада.
Како што се наведува, средбата не била одржана бидејќи германскиот министер не одговорил дали Германија ќе се откаже од гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја „нападне“ Украина.
Друга причина за откажување на средбата, според телевизиски извори, е тоа што „Германија одбила да му пружи на Киев каква било воена помош, директно или индиректно“.
Официјалната причина за откажување на средбата е грешка во распоредот, прецизира Си-Ен-Ен.
„Многумина во Источна Европа и Киев се повеќе ја гледаат Германија како сојузник на Русија, а не на Западот. И така се однесуваат – погледнете го поранешниот (германски) канцелар (Герхард) Шредер“, изјави соговорникот на телевизијата.
Меѓутоа, германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека не знае ништо за откажаната средба.
„Аналена Бербок е во Киев. Ја испратив таму. Таа ќе оди на првата линија, ќе ја процени ситуацијата“, рече Шолц.
Тој, исто така, додаде дека Германија работи со своите сојузници, САД, НАТО и ЕУ за да одредат конкретни чекори што треба да се преземат заедно во случај на „руска инвазија“.
„Во тој случај ќе дејствуваме апсолутно заедно… И се подготвуваме за тоа. „Ќе има многу санкции кои многу ќе и наштетат на Русија“, прецизираше германскиот канцелар.
Да потсетиме, Шолц е во официјална посета на Вашингтон, каде вчера се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден. Во таа прилика американскиот претседател Џозеф Бајден вети дека „Северен тек 2“ ќе заврши доколку Русија ја нападне Украина.
Ова е прва посета на Шолц на Вашингтон како германски канцелар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…