Со Англија ќе играме на нова тревна површина, сменета по 11 години
Националната арена „Тодор Проески” е подготвенa за фудбалскиот натпревар во понеделник на Македонија со репрезентацијата на Англија со целосна промена на тревната површина, објави АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
„Гостите од странство ќе ги пречекаме на терен кој е во согласност со највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите коишто ги обезбедуваат најголемиот дел од европските стадиони“, изјави директорот Зоран Георгиев
Донацијата на теренот е направена од Фудбалската федерација на Макеоднија, а станува збор за хибридна трева чии карактеристики гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8-10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност.
На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење. Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа пропратни елементи опфаќа и надградба на системот на наводнување,како и поставување нови голови.
Инаку целосна промена на тревата последен пат е направена пред 11 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска ѝ ја честита победата на Јотова:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им ја честита победата…
Срдановиќ: Сите идни апсења ќе бидат во…
„Нашиот прв чекор по формирањето на Владата…
Вучиќ: СНС нема да ја кочи работата…
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…
Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе…
Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник…
Славески до клиентите на „Алта банка“: Кредитите…
Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во…