Со години газел по подот од кујната каде се криело богатство старо 400 години!

t

Еве како се одвиваше приказната на еден јоркширски пар откако решиле да си ја реновираат куќата.

Откако двајца сопружници од селото Елерби во северен Јокшир решиле да ја реновираат куќата во која живееле со години, во подот на кујната пронашле контејнер со златници од 17-ти и 18-ти век.

По извршената проценка било утврдено дека пронајдените 264 златници се во вредност од речиси 290.000 евра. Да биде уште поневеројатно, брачниот пар во куќата живеел цели 10 години.

По детална анализа, експертите за стари пари откриле дека станува збор за златни монети кои биле користени помеѓу 1610 и 1727 година, од времето кога владеел Џејмс I и Чарлс I, сè до владеењето на Џорџ I. Како што е утврдено, златниците најверојатно припаѓале на богато и влијателно трговско семејство од Хал. Се претпоставува дека се работи за семејството Мајстерс кое тргувало со железо, дрво и јаглен. Тие биле политички ангажирани и членови на британскиот парламент на почетокот на 18-тиот век. Во куќата каде што се пронајдени златниците живеела наследничката на семејството, Сара Мајстер, која по смртта на нејзиниот сопруг Џозеф се повлекла во Северен Јоркшир и останала во ова село сè до крајот на животот.

Аукцијата за продажбата на златните монети пронајдени во Северен Јокшир е закажана за октомври.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…