Објавено на:

Со измама сакал да приватизира парцела во Визбегово – кривична за скопјанец

t

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по чл.247 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000 евра пред надлежните органи ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 13.764 квадратни метри на катастарска парцела во Визбегово.

-Тој во 2016 година обезбедил лажен документ – Решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, стекнато без платен надомест, наводно издадено од Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кратово, во кое што било наведено дека поднесеното Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост од оштетениот се уважува и земјиштето во државна сопственост се приватизира. Решението било заверено на нотар и спроведено во Агенцијата за катастар на недвижности на основа на што било издаден имотен лист на име на оштетениот, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…

Трамп: Америка со последните избори направи голем…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…