Со иста електронска картичка ќе се плаќаат патарините во Македонија и Србија

t

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, денеска со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.

Со меморандумот, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји.

Ова создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците.

Бочварски, се вели во соопштението, оствари и работна средба со неговиот колега, министерот Весиќ, на која разговараа за интензивирање на соработката во делот на инфраструктурата помеѓу двете држави.

Во фокусот на разговорот бил и проектот за изградба на железничка станица во Табановце, со која би се подигнале капацитетите на железничкиот систем, би се интензивирало и зајакнало регионалното поврзување, како и отворање на можноста за либерализација на патниот транспорт.

Двете страни, се вели во соопштението, се согласиле дека процесот Отворен Балкан дава многу можности и дека ваквите средби и разговори носат значајни бенефити и се од исклучително значење за граѓаните на двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…