Со камења ќе го маваме Лавров ако лета над нас, или со расипани хеликоптери ќе го бркаме? Твитерџиите го нападнаа МНР
Македонија, Бугарија и Црна Гора го затворија небото, односно не дозволија прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој требаше денеска да ја посети соседна Србија.
Од руска страна имаше остри реакции, руските функционери рекоа дека Македонија го загубила суверенитетот, сега се виде користа од членството во НАТО, дури имаше барање и да се запре испораката на гас за државите кои го блокираа Лавов.
Но на ваквата одлука на МНР не реагираше само Русија, туку и твитерџиите кои ги нападнаа македонските власти за одлуката.
“Еве да речеме Лавров нема да ја испочитува нашата забрана и прелета низ нашиот воздушен простор, што ние ќе направиме во тој случај ? Со камења ќе го гаѓаме или со тие хеликоптерите расипани ќе го бркаме ?” – прашува Твитер профилот Мини Шенген.
Претходно на ваквата одлука реагираше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој рече дека доколку Македонија вака го затвореше небото и кога авионите на НАТО ја бомбардираа Србија, ќе бевме почитувана држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…
МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…
Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…
Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Димитровски: И да го смениме Уставот поради…
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…
МНР остро ги осуди најновите руски напади…
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија…