Со кампањата „Учи паметно, работи стручно“ се зголемува веројатноста на вработување кај младите, рече заменик-министерот за образование

t

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните средношколци, запознавајќи ги со образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои ги нудат во учебната 2022-2023 година и информирајќи ги за компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука.

На дел од промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој ги повика младите од овие два града да се насочат кон стручното образование, затоа што нуди добра перспектива, поголема веројатност за брзо вработување по формализација на образовниот процес, но и добра основа за понатамошна академска надградба.

Рече дека ова е пораката која ја испраќа во сите градови кои ги посетува во изминатиот период, а во пресрет на уписите во средно образование кои започнуваат средината на следниот месец за прв пат ќе се спроведуваат електронски, што е големо олеснување за учениците и нивните семејства.

Заменик министерот рече и дека условите во стручните училишта постојано се подобруваат со инвестиции на МОН, информирајќи дека токму две такви инвестиции наскоро целосно ќе се реализираат, односно привршува замената на фасадата и внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, како и фасадата и подовите во СОУ Ѓорче Петров, двете училишта во Прилеп кои денеска ги посети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…