Со квад излетал на Шар Планина: 20-годишник се бори за живот
Две млади момчиња завршија со тешки повреди во тетовската болница откако со четирицикл со голема брзина излетале од патот во близина на селото Лисец.
Инцидентот се случил на планинскиот правец, кога 20-годишниот возач изгубил контрола врз моќното возило (квад), по што заедно со својот 19-годишен сопатник излетале од коловозот.
Како последица на тешкиот удар, возачот се здобил со опасни тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник поминал со полесни повреди и двајцата биле итно хоспитализирани од страна на медицинските лица.
Правната процедура и увидот на самото место на несреќата ги изврши сообраќајната увидна екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.
„На 05.07.2026 во 21:24 часот во СВР Тетово, од Клиничката болница Тетово е пријавено дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица, повредени во сообраќајна несреќа. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20), на кој сопатник бил А.Х. (19), двајцата од село Пирок, излетал од патот. При тоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., а сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со квад излетал на Шар Планина: 20-годишник…
Две млади момчиња завршија со тешки повреди…
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по…
Автопатот Скопје – Блаце конечно влегува во…
Кинески функционер осуден на смрт оти земал…
Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град…
Полицајци и инспектори му јавувале на Деко…
Полицајци, инспектори и други службени лица се…
Цел адвокатски тим вклучително и адвокати од…
Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави со…