Објавено на:

„Со насмевка ќе престанам да извезувам струја во САД“, најавува премиерот на канадската провинција Онтарио

t

Во пресрет на најавените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за канадските производи, премиерот на Онтарио во Канада, Даг Форд, најави решителни контрамерки за заштита на економските интереси на неговата провинција.

Форд соопшти дека доколку стапат на сила тарифите на Трамп, ќе му нареди на Одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO), најголемиот светски купувач на алкохол, да ги отстрани сите американски производи од своите полици

Форд истакна дека LCBO продава американски вина, пива, алкохолни пијалоци и селцер во вредност од речиси 1 милијарда долари годишно и додаде: „Веќе не“.

„Не ја започнавме оваа војна со царини, но ќе победиме“, рече Форд.

Во врска со одлуката да се отстрани целиот американски алкохол од полиците на канадската провинција, тој изјави:

„Мојот добар пријател, гувернерот на Кентаки, е луд. Му реков, разговарајте со вашиот претседател. Мич Меконел, сенаторот од Кентаки, исто така е луд…“, рече Форд, додавајќи дека овие мерки ќе влијаат на американските производители на алкохол.

„Ќе го откажеме Starlink,  на Илон Маск“, објави и Форд.

Овие контрамерки  доаѓаат како одговор на најавата на Трамп за тарифи од 25 отсто за канадските производи, што ја зголеми загриженоста за канадската економија и работните места.
Покрај тоа, Форд се закани со други мерки, вклучително и можноста за прекин на снабдувањето со електрична енергија во САД, што може да влијае на 1,5 милиони Американци. ,

Канадскиот премиер Џастин Трудо, исто така, најави контрамерки, вклучително и наметнување царина од 25 отсто за американски производи во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи од алкохол, козметика и производи од хартија, а подоцна и во други сектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Иран напаѓа американски бази во четири земји…

Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…

Два големи американски воени авиони биле забележани…