Со оглед на новата геополитичка состојба, 2030 е остварлива цел за членство на земјава во ЕУ
Денес имаме нова геополитичка ситуација и мислам дека сите сме свесни дека Западен Балкан треба да биде во ЕУ. Се разбира, Западен Балкан треба да биде подготвен, без сомнение, но постапката треба да биде непречена со оглед на геополитичката ситуација, вели во интервју за МИА чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва.
Тој нагласи дека Чешка е силен поддржувач на Западен Балкан и особено на Македонија и оти за време на чешкото претседавање со ЕУ, регионот и земјава се ставени високо на нивната листа на приоритети.
Во однос на францускиот предлог, со којшто се тргна блокадата на Софија, Лудва вели дека француските колеги направиле се за да се постигне компромис, истакнувајќи меѓутоа, дека ништо не е совршено по ова прашање, но, вели, тоа е најдобриот предлог на маса и со тоа продолживме понатаму.
За него, доколку се оди без проблеми, 2030 година е остварлива цел за членство на земјава во ЕУ, со оглед на новата геополитичка состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…