Со парична казна и забрана за влез во Косово ослободени Србите приведени на Јариње
Двајца Срби, кои на крајот на мај беа уапсени во Јариње, беа осудени од Основниот суд во Приштина на затворски казни од шест месеци, како и тригодишна забрана за влез на Косово. Според адвокатот Милош Делевиќ, казните ќе им бидат заменети со парична казна, па до крајот на денот ќе бидат ослободени.
„Синиша Јевтиќ е осуден на шест месеци затвор. На предлог на одбраната казната ќе му биде заменета со парична казна во износ од 5.700 евра. Семејството ги собра парите, денеска ќе ја платам казната како негов бранител и очекувам во текот на денот да биде ослободен“, вели Делевиќ.
Шест месеци затвор е осуден и Иван Секулиќ, а кауцијата му е 9.000 евра бидејќи во неа има и 2.000 евра казна за нелегално носење оружје.
Обвинителството двајцата ги товари за сторени кривични дела „учество на протест“ и „хулиганство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…