Објавено на:

Со помош на дрон и камери лоциран превртениот „мерцедес“, откриен е и идентитетот на загинатите: МВР со нови детали за трагедијата кај Блаце

t

Полицијата соопшти нови, официјални детали за тешката сообраќајна несреќа на патот кон граничниот премин Блаце, во која животот го загубија три лица. До пронаоѓањето на возилото дошло по опсежна полициска потрага во која биле вклучени дронови и системот „Безбеден град“.

Исчезнувањето на патниците било пријавено вчера, на 19.07.2026 година во 13:40 часот, во Полициската станица Бит Пазар. Пријавата ја поднел М.Ш. (56) од Косово, кој алармирал дека не може да стапи во контакт со својата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. Контактот со нив бил изгубен откако во саботата навечер, околу 22:15 часот, тројцата со возило си заминале од Меѓународниот аеродром Скопје.

Веднаш по дојавата, СВР Скопје ги активирала екипите од ЕВР Чаир, ЕВР Центар и Единицата за интервентна полиција. За да се лоцира возилото, полициските службеници започнале со детално пребарување и преглед на камерите од системот „Безбеден град“. Откако било утврдено дека автомобилот воопшто не ја напуштил државата преку граничниот премин Блаце, над претпоставената траса на движење бил подигнат и полициски дрон.

Истата вечер, во 22:35 часот, возилото конечно било лоцирано. Станува збор за автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, кој излетал и се превртел на дел од автопатот Скопје – Блаце кој сè уште е во изградба и е затворен за сообраќај.

Од МВР го соопштија и идентитетот на настраданите, кои поради тежината на повредите починале на самото место:

Возачот У.Т. (64) од Косово, со живеалиште во Германија,

Сопатничката Ф.Ш.Т. (56) од Косово, со живеалиште во Германија,

Сопатничката Џ.К. (54) од Турција, исто така со живеалиште во Германија.

Смртта кај патниците била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. На местото на несреќата бил извршен детален увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на обвинителот, телата на починатите се дадени на обдукција која треба дополнително да ги расветли причините за оваа голема трагедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…