Со Порше возел 272 км на час на автопат, полицајците наместо казна му дале ОПОМЕНА!

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека покренало постапка против четворица полицајци, кои не казниле возач кој управувал автомобил „порше“ со 272 километри на час, додека бил фатен од радар на автопат Скопје-Велес.

Одделението за внатрешна контрола доставило информации до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против началниците и полицајците кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возачот.

Иако бил фатен на радан и сопрен, сепак помилан само со предупредување.

Наместо составување на записник за констатирање на прекршок и платен налог за прекршок, имајќи предвид дека за овој вид прекршок е предвидена глоба од 400 евра во денарска противвредност и забрана за возење од шест до 12 месеци, возачот добил само опомена за сообраќаен прекршок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…