Со Протоколот должни сме да ја славиме македонската и старословенската историја како бугарска

t

Чевица во партиско соопштение денеска истакна дека во Протоколот, под темата за историјата се наведува дека двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности.

„Од Владата на Република Македонија се бара да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на тема Самоилова држава. Бугарските апетити се однесуваат и на старословенската историја која сега ќе се изучува во бугарски национален контекст.

Солунските браќа, светите учители Кирил и Методиј, Цар Самоил, Гоце Делчев, Прличев и многу други се само дел од листата на македонски личности од кои СДС и ДУИ се откажаа и со ставањето потпис на Протоколот (и Договорот за добрососедство) им ги подарија на Бугарите, додека воедно се согласија дa се избрише нивното фашистичко и окупаторско минато во Македонија и секое споменување како такво, ќе се толкува како „говор на омраза”.

Вера Циривири – Трена, убиена од бугарскиот фашистички окупатор, околу 7200 Евреи кои биле насилно одведени од страна на бугарскиот окупатор, транспортирани во логорот на смртта Треблинка, Цветан Димов – убиен крвнички, масакрот во Ваташа, каде 12 младинци се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети, и ограбени. Ова е мал дел од многу вакви историски настани и ликови, кои тие денес се обидуваат да ги избришат од македонската историја, учебниците, спомениците, а секое споменување на истите, според Протокотол потпишан од предавничките СДС и ДУИ ќе биде толкувано како „говор на омеаза”.

Но, ова е единствена заедничка историја која ја делиме со Бугарија – окупацијата од фашистичка Бугарија и тоа е единствена заедничка историја која треба заеднички да се чествува – победата на Македонците над бугарскиот фашизам. За Бугарија не постои ниту заедничка историја на сите јужни Словени, бидејќи сега таа е бугарска.

Срамот е огромен и за Европската унија, која давајќи поддршка на Бугарија преку т.н. „француски предлог”, го одобрува фашистичкото минато, а со тоа, наместо осуда, ЕУ дозволува рехабилитација на фашизмот во Европа“, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…