Со францускиот предлог се отвара патот кон ЕУ, ѝ кажал Груби на швајцарската амбасадорка

t

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.

Содржината на францускиот предлог, протестите против овој предлог и предизвиците кон интегративниот пат на земјата беа дел од темите на кои се разговараше на оваа средба.

Исклучително важно е да се отклучи патот кон интеграцијата во ЕУ преку конструктивен и опсежен преглед на Францускиот предлог поддржан од 27-те земји членки на ЕУ, чиј предлог не им наштетува на идентитетот, културните, јазичните и историските особености на нашите сограѓани – наведува Министерството за политички систем, пренесувајќи детали од средбата

Груби истакнал дека во овие клучни моменти за државата треба да се дејствува рационално, искористувајќи ја историската можност за решавање на последниот спор со Бугарија.

Амбасадорката Хулман билае информирана од Груби за процесот околу францускиот предлог и заедно констатирале потреба од оперативна компактност и сеопфатен ангажман на сите политички чинители, академскиот свет, граѓанскиот сектор и сите граѓани за надминување на предизвиците, бидејќи е време рационалноста да триумфира над субјективниот протагонизам.

Груби и амбасадорката Хулман се фокусирале и на реакциите предизвикани од објавувањето на содржината на предлогот, при што Груби го осудил насилството употребено за време на организираните протести кои беа оценети како непотребни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…