Со фудбалски натпревар помеѓу Пелистер и Вардар за првпат се отвораат вратите за влез на новата трибина на стадионот во Битола
Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, в сабота од 13.00 часот, општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика, информираат од општина Битола.
Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.
Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.
Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.
Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот, се вели во соопштението од општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…