“Со шефот”: Командирот на кој му побегна затвореник сликан со Зечевиќ

t

Командантот на кој му побегна затвореник од затворот Идризово фотографиран со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, објави новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски.

Неофицијално, ОЈО се сомнева дека полицајците кои биле во придружба на затвореникот кој избега вчера и командирот биле дел од организирањето на бегството и за нив ќе се бара притвор, а ќе бидат суспендирани и од работните позиции.

Инаку, денеска А1 ОН објави дека Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“, кога се случи бегството на затвореникот осуден за обид за убиство и дрога, а полицаец беше повреден. Димитриевски е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР.

МВР денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал на филмски начин, слично како што тоа во повеќе наврати го планораше и го правеше Мајкл Скофилд во познатата филмска серија „Бегство од затвор“.

„Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.115 бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ“, се вели во објавата на МВР.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ