Со 10 гласа за и еден против Дамева е избрана за нова претседателка на местото од Црвенковска која поднесе оставка
Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија.
Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“.
Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.
По гласањето Лорета Георгиева, член на Судскиот совет побара гласањето да биде јавно со кревање на рака. По повторување на процесот на гласање резултатот повторно беше ист. Десет гласа „за“ и само еден „против“ (Лорета Георгиева) за изборот на Дамева за претседател на Судскиот совет.
Функцијата претседател на Судски совет се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.
Црвенковска поднесе оставка поради, како што рече, притисоци кои биле вршени врз нејзе, но остана нејасно кој вршел притисок врз нејзе?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…