Спасена мечка тешка 70 килограми, се заглавила во нелегално поставена сајла во Велешко
Мечка тешка околу 70 килограми била спасена во месноста Чеплес во Велешко, откако се заглавила во нелегално поставена сајла. По интервенцијата на надлежните институции и ветеринар од скопската Зоолошка градина, животното било ослободено и вратено во природата.
Случајот го пријавило Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, а информацијата преку Македонското еколошко друштво стигнала до Државниот инспекторат за животна средина. Мечката била пронајдена во близина на рибникот Нежилово, на околу 1,5 километар оддалеченост.
По пријавата, на терен излегле двајца државни инспектори во координација со СВР Велес и ловечкото друштво. Мечката била успиена и прегледана од ветеринар, по што сајлата била отстранета, а животното било пуштено во шумата.
Од Државниот инспекторат за животна средина информирале дека станува збор за машка мечка стара околу три години, кај која не биле забележани видливи повреди од примката.
За случајот бил известен и јавен обвинител од Велес. Полицијата ја одзела нелегално поставената примка за вештачење, со цел да се утврдат околностите и да се преземат понатамошни законски мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасена мечка тешка 70 килограми, се заглавила…
Мечка тешка околу 70 килограми била спасена…
(Видео) Мечка се прошета на паркинг во…
Мечка синоќа била забележана на паркинг во…
Детали за нападот од мечка кај село…
Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко…
Мечка со камења мавала автомобил во Црна…
Нападите од мечки во северните општини на…
Жена нападната од мечка во тетовското село…
Вчера околу 18 часот во СВР Тетово…