Спасеновски: Ставен е духовен печат на признавањето на каноничноста на МПЦ-ОА
Решавањето на црковното прашање е последниот голем државотворен испит што го положи Република Македонија. Со тоа, натамошно се зајакнувааат темелите на црквата и на државата, а граѓаните, со оглед на декларираното единство, уште повеќе меѓусебно се обединија, вели Александар Спасеновски.
Посочува дека во меѓународни рамки, Црквата и државата уште повеќе ќе се вмрежуваат натамошно афирмирајќи ги македонскиот јазик, култура и посебност. Истовремено, тие на тој пат ќе се инспирираат од најдобрите примери на другите цркви во православната екумена, како и од нивните државни власти.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј својата тридецениска служба ја крунисува со уште едно колосално дело достојно за голема почит и слава. И Архиепископит Стефан кој внимателно го управуваше кормилото на Црквата одигра важна улога која е предмет на широка народна благодарност. Впрочем, заради ова, делото на двајцата поглавари преставува голем благослов и за сите нас бидејќи ја имаме ретката прилика да го посведочиме чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската Архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија, нагласува Спасеновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…
Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…