Спасил цело бугарско семејство – 15 годишно момче од Битола херој на плажа во Грција

t

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено бугарско семејство кое се нашло во опасност во Егејското Море.

Драмата се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот.

Михаил, кој е ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ во Битола, влегол во разбрануваното море за да им помогне.

Според сведоштвото на неговото семејство, тој најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото, по што целото семејство безбедно било изнесено од водата.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле 15-годишниот битолчанец со силен аплауз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 октомври – Светски ден на менталното…

Денеска, 10 октомври, ширум светот се одбележува…

Денеска е Свети Калистрат: Празник посветен на…

Православните христијани денеска, 10 октомври, го одбележуваат…

Времето денес променливо облачно, попладне се очекуваат…

Променливо облачно време со сончеви периоди во…

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…