Спасовски: Борбата со корупцијата е врвен приоритет на МВР
Борбата против корупцијата е врвен приоритет на МВР, поради што плански и насочено се интензивираа активностите. Минатата година беа откриени 124 коруптивни кривични дела, а продолжуваме со зголемена динамика во борбата против оваа појава и во 2023, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој информираше дека минатата година беа откриени 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители – 158 физички и 6 правни лица, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари.
Како што рече, злоупотребите на службената положба кај кои се присутни коруптивни елементи имаат најголема застапеност.
-2021 година ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари. И оваа година продолжуваме со зголемена динамика во борбата против оваа појава, пишува Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Давеник и за сламка се фаќа… Откако…
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого…