Објавено на:

Спасовски вели: Дојавите за бомби доаѓаат од адреси од Русија и Иран

t

-Имавме интензивен хибриден напад од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24.

-Најважно е дека во полн капацитет работеше Министерството и сите безбедносни служби. Мораше да се постапува по упатставата кои беа во важност во тој период. Ние направивме тим од експерти од сите релевантни структури и разменивме информации и баравме решенија. Јас како министер донесов посебно упатство за постапување по вакви случаи и по ова ново упатство се работи од петокот заедно со МОН, рече Спасовски.

Тој додаде дека МВР активно работи на откривање на сторителите. -Имаме изолирано поголема група и се надевам наредниот период ќе имаме конкретни резултати. Интензитетот што се зголеми по руската инвазија кажува дека имаме спој на едни структури… Има адреси што водат кон Иран и Русија. Уплатите за ВПН се извршени со крипто валути, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…