Спасовски: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи разочарувања

t

„Без сериозна, детална и болна анализа за причините што доведоа до драматичниот пад на довербата кај граѓаните, СДСМ нема да може да понуди одговор како повторно да ја врати поддршката“ – изјави екс министерот за внатрешни работи во времето на СДСМ – Оливер Спасовски, во емисија на 4ТВ.

Рече дека партијата направила сериозни пропусти – од кадровската политика, па сè до неисполнетите очекувања за правда и длабоки реформи во правосудството.

„Некој ќе рече дека фактор беше коалицискиот партнер, и тоа е точно. Но мислам дека и самите ние, преку кадровската политика и одредени одлуки кои се носеа, влијаевме на ваквиот исход. Најмногу фалеше правда, поголема реформа во правосудниот систем и поинаков начин на функционирање. Граѓаните го очекуваа тоа по рушењето на претходниот режим, а големите очекувања секогаш резултираат со големи разочарувања“, изјави Спасовски.

Оцени дека проблемот не е само кај една политичка структура, туку во целиот политички систем во Македонија, кој со години функционира врз основа на клиентелизам и партиски интереси.

„Сите партии, без исклучок, страдаат од истата болест – клиентелизам. Се решаваат проблеми на поединци, се пазари со вработувања, се договара кој на која функција ќе седне. Тоа носи краткорочни политички поени, но долгорочно ја уништува државата“, рече Спасовски.

Според него, најголемиот дел од граѓаните не се партиски определени и токму тие го носат конечниот суд на изборите. Потенцираше дека државата мора конечно да престане да функционира како механизам за задоволување на теснопартиски интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи…

„Без сериозна, детална и болна анализа за…

Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е…

Постојат два патишта што Соединетите Американски Држави…

Ројтерс: Кина обучувала руски војници за борба…

Кина тајно обучила околу 200 руски војници…

Трамп загрижен за ебола, Американец заразен додека…

Трамп загрижен за ебола стана новата политичка…

Чудно мириса во повеќе населби во Атина…

Екипите на грчкиот оператор на гасоводната мрежа…