Спасовски го посети полицаецот повреден во спасувачката потрага по алпинисти на Шара
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, го посети припадникот на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина минатата недела.
Како што објави Спасовски на неговиот фејсбук профил, станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот. – Огромно признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага – екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите.
Благодарност и до Центарот за управување со кризи и ТППЕ Тетово, како и до медицинските лица за укажаната нега, напиша Спасовски на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…