Спасовски го пофали Мицкоски што ќе ја користи „северна“: Добро ќе беше тоа да го кажете пред избори
Она што го правите денес е далеку од ветувањата што им ги дадовте на граѓаните пред изборите, истакна денеска од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Добро е што сега кажувате дека ќе го користите уставното име со придавката „северна“, но чесно ќе беше тоа да го кажете и пред изборите, истакна Спасовски.
Тој додаде дека програмата која ја презентира новото владејачко мнозинството има проекти кои веќе постојат, како на пример видео-надзор на граничните премини кој постои веќе 30 години и тоа има два системи.
– Да покажеме сериозна одговорност пред граѓаните дека сите заедно сакаме да ги промениме состојбите и околностите во добар правец, се надевам дека нема да креирате општество кое ќе не враќа сите назад, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…