Спасовски: Државата и граѓаните се безбедни со СДСМ

t

Со #СДСМ, граѓаните и државата се на сигурно – најбезбедна земја сме на Западен Балкан, во регионот најдобро се справуваме со миграцијата, имаме напредок во борбата против секаков вид криминал, сите показатели велат на добар пат сме и така ќе продолжиме – Силно и одлучно со граѓаните на Штип ги потврдивме овие досегашни резултати, обединети кон нови победи, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– И тука можам да кажам дека ветив подобрување на условите за работа на штипската полиција и поквалитетни услуги за штипјани, и тука од 2021 – тоа е реалност со реновираната Полициска станица за безбедност во сообраќајот Штип.

Покажавме со успешното надминување на Ковид кризата во периодот кога ја предводев Владата, и сега со оваа економско-енергетска криза, дека СДСМ знае и умее да води напред во клучни моменти. Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани… НАТО членка, отворени преговори со ЕУ. Со задоволство го потпишав првиот Договор на македонски јазик помеѓу 🇲🇰 и 🇪🇺 со Фронтекс. Достоинствено ќе бидеме дел од европското семејство, како Македонци. Македонската иднина е европска!

Силно и одлучно кон иднината! – нагласи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…