Спасовски е јасен: Да се забрани регистрација на било какви клубови кои ќе ги повредуваат националните чувства на македонскиот народ

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и за отворањето на новиот бугарски клуб со провокативно име го повтори својот став дека добри односи меѓу соседи не се градат со провокации.

Во утринската програма на Националната телевизија, Спасовски нагласи дека е еден од тие кој инсистира државата да изнајде механизми за да се забрани регистрација на било какви клубови кои, пред сѐ, ќе ги повредуваат националните чувства на македонскиот народ, македонските граѓани и на Република Северна Македонија.

– Ги осудувам сите овие клубови кои што ги отвораат токму во овој момент. Секој од нас може да постави прашање, зошто досега не се отвораа вакви клубови, туку токму сега, кога започна интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија?! Јас сум еден од тие кој инсистира државата да изнајде механизми за да се забрани регистрација на било какви клубови кои што, пред сѐ, ќе ги повредуваат националните чувства на македонскиот народ, македонските граѓани и на Република Северна Македонија. И тие механизми мора да се изнајдат! Ние затоа, како Влада направивме едно тело кое ќе ги разгледува сите иницијативи во овој дел, меѓутоа сметам дека треба да се размислува и во делот на посебни законски одредби кои што ќе овозможат да се создаде механизам на заштита, истакна Спасовски.

Тој потенцираше дека историски факт е оти Бугарија била дел од фашистичката оска и не е логично тие кои бараат начин да се оттргнат од тоа минато, тука да промовираат имиња на фашисти по клубови. За Спасовски тоа не е дозволиво.

– Република Северна Македонија е родена на придобивките на НОБ и антифашистичкото движење. Многу млади жени и мажи се изборија за слободата во тој момент кога застанаа на страната на антифашистите. Ние овие придобивки мораме да ги почитуваме. Вие не можете да одите напред ако не го почитувате сопственото минато или ако не го почитувате тоа што вас ве создало како држава, рече Спасовски.

Додаде дека апсолутно е против отворање на вакви клубови, против секаква провокација без разлика од каде доаѓа, заради тоа што денеска е момент кога треба да градиме добри односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или…

Грција нема да ѝ испорача на Украина…

Шојгу: Русија никогаш не би ги нападнала…

Русија никогаш не планирала да ги нападне…

Ноќеска од пукнато парно Токсикологија се поплавила…

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за…