Спасовски: Законот за бранители може да се донесе ако ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат „за“ 

t

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во денешното гостување за вестите на Алсат, прашан зошто токму сега пратениците на СДСМ го поднесоа предлог Законот за обештетување на бранителите рече дека поради тоа што сега може да се обезбеди поширока поддршка помеѓу пратениците, особено што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ декларативно се изјасниле дека го поддржуваат. 

„ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја презема власта се изјасни дека дава апсолутна поддршка за носење на законот, тука е и ЗНАМ која е дел од владината коалиција. Ако таа декларативно изразена волја биде реална може да се донесе законот и да ги реши сите овие прашања низ политички дијалог. Ние го дадовме Законот по скратена постапка, Собранието се изјасни и сега е на дневен ред.”, рече Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…