Спасовски заминува на тура во САД: Ќе се сретне и со Џејмс О’Брајан
Во следните три дена (10-12.01.2024) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави.
Притоа, министерот Спасовски ќе оствари средби со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот Обвинител на САД, амбасадор Тод Робинсон, помошник државен секретар на САД, Биро за прашања поврзани со спроведување на законите и илегална трговија со наркотици, Натаниел Фик амбасадор за сајберпростор и дигитални политики, Боб Паскал Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи од Одделот за внатрешна безбедност, Конгресменките Клаудија Тени и Лиса МекКлејн, како и со претставници од Бордот на Директори на Обединетата Македонска Дијаспора.
Министерот Спасовски ќе присуствува и ќе се обрати на прием организиран за нашите претставници во дијаспората кои живеат и работат во САД, по повод Божиќните празници.
Воедно, Спасовски ќе даде интервју за Гласот на Америка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…