Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица на „францускиот предлог“
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“, туку на, како што рече, недостигот на политичка волја кај актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека владејачкото мнозинство треба да понуди конкретен излез од актуелната состојба, наместо да продолжува со политички популизам.
Според него, СДСМ во минатото прифатил компромис кој бил „реален и во интерес на државата“, но процесот бил блокиран од тогашната опозиција.
„Тогаш имавме неодговорна опозиција која мислеше исклучиво на сопствениот и на партискиот рејтинг. Нивната процена беше дека политички многу повеќе им се исплаќа да го напаѓаат предлогот, да креираат страв кај граѓаните дека некој нешто сака да ни одземе, со цел да си ја сочуваат опозициската комотност. Тоа им успеа и сега ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Но, бидејќи денес се власт, тие треба да дадат предлог како да се излезе од оваа состојба“, изјави Спасовски.
Тој посочи дека лично не поддржува СДСМ да иницира нови предлози или да потпишува платформи со други политички партии за евроинтегративниот процес, оценувајќи дека партијата веќе го понела својот дел од товарот за европската иднина на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…