Спасовски: За бегството на Мемети од затвор треба да се сноси и политичка и кривична одговорност!

t

Во однос на бегството на затвореникот Беким Мемети, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24 кажа дека сите сознанија и информации што МВР ги прибира користат во оперативните активности на Министерството.

-Но тие активности треба да доведат до апсење на конкретното лице. Сите служби работат за прибирање податоци за локацијата на ова лице за тој повторно да се најде пред лицето на правдата. Покрај меѓународната потерница што е обврска да се распише и врз основа сите информации се преземени низа мерки за безбедност и на сите лица што работеле на случајот за Беким Мемети, кажа Спасовски.

Тој додаде дека има нелогичности и затоа се изречени мерки на претпазливост на четворица затворски полицајци.

-Заради сериозноста за делото за кое се суди, дотолку е поголема одговорноста на затворскиот систем, бидејќи не побарале асистенција од МВР. Сите истражни дејствија се преземат заедно со Јавното обвинителство, рече Спасовски.

Тој додаде дека политичките партии се служат со сензационалистички наслови за случајот, но дека е важно да се настапува аргументирано, а не дневно-политички. Спасовски повтори дека затворската полиција е надвор од МВР и Министерството не може да вработува лица во затворската полиција.

Според Спасовски, за овој случај поврзан со бегството треба да се сноси политичка и кривична одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево…