Спасовски за денот на Холокаустот: Да се вреднуваат емпатијата и хуманоста како највисоки идеали, а поделбата и омразата да останат црна дамка од минатото
27 јануари е меѓународен ден на сеќавање на трагедијата на холокаустот што се случи за време на Втората светска војна. Тоа е ден за спомен на геноцидот што резултираше со смрт на милиони луѓе од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници. По тој повод министерот за внатрешни работи напиша:
Одбележувајќи го 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, oддаваме почит кон жртвите што настрадаа само затоа што беа Евреи и се потсетуваме дека пред точно 78 години беше ослободен нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, каде милиони Евреи, мажи, жени и деца, биле одведени во смрт само затоа што имале поинаква идеја за слобода.
Годинешниот помен на жртвите од холокаустот од страна на Обединетите нации се одбележува под мотото „Дом и припадност”, ставајќи акцент на значењето на овие два поими за оние кои соочувале со насилство, антисемитски напади, пропагандни кампањи, говор на омраза, терор и систематско уништување на религиозните храмови, домовите и човечките животи, водени од мрачната идеја на Нацистичкиот Рајх, која беше репродуцирана од сите колаборационистички режими низ светот. Но, и што значат овие два поими за преживеаните, оние кои го победија злото кое не смее да се повтори …
Нека идеите за заеднички дом и припадност на светската цивилизација бидат сржта на човековото постоење. Да се вреднуваат емпатијата и хуманоста како највисоки идеали, а поделбата и омразата да останат црна дамка од минатото за да не’ потсетат и предупредат и никогаш да не се повторат!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…