Спасовски за “Политика”: Бугарија беше дел од фашистичката оска, тоа е историски факт, а сега бараат да не се нарекуваат фашисти

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за српска “Политика” истакна дека отворањето на бугарски клубови со фашистички имиња кои ги навредуваат чувствата на Македонците е провокација и навреда за Македонија.

На прашањето, како го коментирате фашистичкиот потег на Бугарија, која на чело со државниот врв во Битола и Охрид отвори бугарски клубови именувани по имињата на докажаните соработници на Хитлер: „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, спасовски одговори:

-Тоа е намерна провокација и навреда за државата. Отворањето на бугарски клубови со имиња на нацисти ги навредува националните чувства на македонскиот народ и овој проблем не треба да се релативизира. Затоа Владата создаде тело кое ги разгледува сите иницијативи со цел создавање механизми за правна заштита од вакви провокации. За да одиме напред, мора да го почитуваме минатото. Никој не може да го оспори фактот дека РМ се роди од придонесот на НОБ и антифашистичкото движење. Бугарија беше дел од фашистичката оска – тоа е историски факт, а сега бараат да не се нарекуваат фашисти.

Сепак, мораме да имаме визија за иднината на државата, на граѓаните и да се движиме кон неа. Ретроградните процеси нема да донесат ништо добро. Мораме да градиме добри меѓусебни односи, бидејќи не можеме да живееме во историјата. Засега официјалната порака на Бугарија е дека ја поддржува македонската држава и македонскиот народ, како што ние ги поддржуваме добрососедските односи и зајакнувањето на соработката, вели Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Напад со дронови во Црното Море кај…

Бродот што беше нападнат со дронови во…