Спасовски за „Политика“: Инцидентот во Бањска го погаѓа целиот регион
Инцидентот во Бањска го погаѓа целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски за белградска „Политика“. Верува дека Европската Унија и САД ќе застанат на патот на црните сценарија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Засега безбедносната ситуација во земјата е под контрола, нема директни последици што би претставувале закана за безбедноста на Македонија, а граѓаните можат да бидат мирни. Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, нема да дозволат црни сценарија и ќе извршат силен притисок работите да се вратат во нормала, изјави Спасовски за денешна „Политика“.
Тој додаде дека ако нашата заедничка цел е да станеме регион кој ќе извезува мир и стабилност, тогаш политичките кризи не можат да се решаваат со конфликти и мора да се обединиме со заеднички политики што можеме да ги спроведеме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…