Спасовски: За 50 проценти зголемена ефикасноста на полицијата во откривање корупција годинава

t

Оваа година за 50 проценти е зголемена ефикасноста во делот на откривање на корупцијата, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во гостување на ТВ Клан, Спасовски истакна дека откако е преземна власта во 2017 година не постоел механизам за започнување на финансиски истраги и конфискација на имот за тоа што е стекнато на незаконски начин.

-Во тој период сме имале само три случаи на конфискација на имот, зборувам од 1990 до 2020 година. Сега имаме паралелни финансиски истраги, формиравме посебен Оддел за финансиски истраги во рамките на Одделот за организиран криминал и корупција. На тоа сме насочени да работиме заедно со Јавното обвинителство, појаснува тој.

Информираше дека е формиран Национален центар за борба против организиран криминал со седиште во МВР, во кое, како што посочи, повеќе институции работат заедно и ги даваат резултатите и ефектите. Тој додаде дека оваа година се преземаат паралелни истражни дејствија и финансиски истраги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…

(Видео) Пивоваров: Криминалот нема ни вера ни…

Криминалот нема ни вера ни етничка припадност,…

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…