Спасовски и Тасевски во посета на повредениот началник на ОВР Струга

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска во струшката болница го посетија повредениот началник на ОВР Струга Д.А врз кого вчера беше извршен брутален обид за убиство, а кој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Како што соопшти МВР, посакувајќи му што поскоро опоравување на повредениот началник, министерот Спасовски го повтори својот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство.

-Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот – најсилен, порача Спасовски по посетата.

Како што наведуваат од МВР, обидот за убиство се случи на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга кога осомничениот С.Н. со своето возило му го попречил патот на Д.А., кој бил во неговото возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево…