Спасовски: МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот

t

„Никој не смее да го навредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија и државата. МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека повеќето навреди минатиов месец доаѓаат од надвор и повика на национално единствно и сплотеност за зачувување на нашиот идентитет, народ, јазик, култура и традиција.

„Државата нема да дозволи некој на било кој начин да го навредува македонскиот народ и македонската држава. Ако е чествување, тогаш нека биде достоинствено“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека е ирелеватно дали Џамбаски ќе доаѓа или некој друг, туку е важно тој што сака да влезе во државата мора да ги почитува македонскиот народ и македонската држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Падна првиот снег во Македонија

Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…

Во Велика Британија ќе биде формирана единица…

Британскиот премиер Енди Барнам во говорот пред…

РУДАРЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАДОВОЛУВА ПОБАРУВАЧКАТА НА…

Бакарот е клучен критичен минерал чија растечка…

Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…