Спасовски на промоција на истражувачка студија за справување со пожари
Министерот за внатрешни работи Спасовски присуствуваше на промоција на истражувачка студија „Анализа на кризната состојба и справувањето во Република Северна Македонија низ призма на функционалноста на системот за управување на кризи и заштита и спасување“. Во своето обраќање пред присутните во амфитеатарот на Факултетот за безбедност Спасовски посочи дека оваа научно – истражувачка студија во која има статистичко – аналитичка документаристика, може да даде конкретни насоки кон едно стратешко конципирање на целокупниот системот на кризниот менаџмент во сите негови фази – превенирање, планирање, реагирање, спасување и санирање на последиците од пожарите како закана особено изразена во последниве две декади не само кај нас туку и во глобални рамки.
„Сите ние искуствено низ призмата на пожарите што минатата година се случија со опасна динамика во тек од неколку недели, знаeме дека ниту една институција сама, изолирано не може и не смее да се впушта во менаџирање на таков кризен процес, особено ако неговиот загрозувачки потенцијал е од таков голем обем“ истакна Спасовски.
Во тој контекст Спасовски потсети и на полициското делување во случајот со неодамнешниот пожар во Тетово кога припадниците на Хеликоптерската единица при МВР активно учествуваа во гаснењето на опожарениот магацински објект.
„ Водени од нашите согледувања и анализи, но и од нашата примарно законска обврска да бидеме сервис и гарант на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани, по однос на заканите од пожари успеавме во рамки на Одделот за воздухопловни единици да обезбедиме нова и соодветна опрема исклучиво наменета за делување при гаснење на пожари, а проследено со едукативно-тренажен процес за оспособување на нашите полициски службеници за ефектно и квалитетно користење на истата“, дополни Спасовски нагласувајќи ја подготвеноста на припадниците на МВР за справување со ситуации од овој тип.
Упатувајќи честитки до авторите за посветеноста и вложениот труд министерот изрази убедување дека оваа студија ќе го заземе своето место во заедничките напори за суштинско подигање на сите стандарди на функционирање на кризното делување и секако во конципирање на еден подолгорочен и поквалитетен систем за заштита и спасување во служба на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…