Спасовски не открива дали сака да биде кандидат за претседател на државата: “Нормално е да имате стремеж за повеќе”
Шефот на македонската полиција не сака да ги обелодени своите планови за политичката кариера во иднина. Имајќи предвид дека наредната година ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, Спасовски не сака да коментира каде се гледа себеси во таа перспектива. Смета дека во фокусот треба да биде остварување на заложбите за интеграција на земјата во Европската Унија и на ветувањата дадени кон граѓаните.
Сепак, тој во интревју за Фокус вели дека е нормално секој политичар, вклучувајќи се и себеси, да има стремеж да стаса до повисока позиција. Спасовски во разговорот запрашан дали тој може да биде и идниот претседател на СДСМ вели дека рано е за тоа да се зборува сега.
-Сѐ уште е рано да разговараме на оваа тема, тоа ќе дојде во моментот кога ќе се разговара во рамките на партијата. Сега сум насочен на активностите во Министерството и во Владата. Тоа се претпоставени прашања на кои можеме да разговараме, но во услови кога имаме состојба за остварување на најважната национална цел – членството во ЕУ, подготовката за избори, за мене е многу важно добро позиционирање на СДСМ, давање добра понуда на граѓаните и, секако, да ја добие довербата целиот тој кампус за проевропска Македонија, кој има јасна визија и со целата сила, со целиот мој капацитет ќе работам на остварување на овие цели- вели Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…