Спасовски: Обвинителството може да отвори истрага за купувањето на „Соравија“

t

Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој за нула евра со добивање кредитна линија од банка од Тирана, доби 39% сопственост врз објектот „Соравија“ во центарот на Скопје.

Спасовски беше запрашан дали ќе има некаква одговорност, на што одговори дека „за се што произлегува, а е спротивно на законските одредбди, секако ќе мора да има одговорност“.

-Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности, кажа Спасовски во изјава за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…