Спасовски од Швајцарија: Секој еден Македонец во дијаспората е важен!

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за време на работната посета на Швајцарија ја посети и македонската амбасада во Берн.

– За време на работната посета на Швајцарија, ја посетив и македонската Амбасада во Берн, при што остварив средба со амбасадорот Кенан Рамадани и министерот советник во амбасадата Мелехат Муфтаровска, а на која бев информиран дека во изминатиот период само во Берн се издадени вкупно 2.445 патни исправи преку заедничкиот проект на МВР и МНР отпочнат на 01.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање на патни исправи преку базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва, информираше министерот.

– Заклучно до денес, издадени се вкупно 17.650 патни исправи на наши граѓани во странство преку дипломатско-конзуларните претставништва, што претставува сериозно кратење на времетраењето на процедурите, намалување на гужвите по управните служби, но и трошоците за граѓаните, односно сега процедурата трае од 15 до 30 дена, споредбено со неколку месечното чекање што беше пракса во минатото, пред отпочнување на проектот.

На средбата амбасадорот Рамадани презентираше дел од предлозите и предизвиците со кои се соочуваат нашите исселеници во Швајцарија, при што истакнав дека како МВР продолжуваме да го слушаме гласот на секој еден, бидејќи секој еден Македонец во дијаспората е важен за нас, со уверување дека целта на ваквите средби со наши исселеници, како што беше и вчерашната во Тринген, е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат, вели Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…

Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност –…

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…