Спасовски: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да ги поништи Преспанскиот и Бугарскиот договор
ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа, вели пратеникот Оливер Спасовски.
– ВМРО-ДПМНЕ де факто го прифати Преспанскиот договор, а сега малку глумат со тоа што усмено не го користат името, ама писмено низ пишаните документи го користат. За мене е многу поважно, посуштински она што беше понудено пред изборите, а тоа е ревидирање на Прееспанскиот и Охридскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и ревидирање на преговарачката рамка. Врз основа на ова тие ги добија изборите. Оттука очекувам тоа и да го спроведат.
Ако вие создадете документ во кој ќе се наведе што не се почитува од другата страна и ќе најдете решение како да се почитува, јас како пратеник тоа ќе го поддржам, тука немаме разидување.
По изјавите на мандатарот очигледно е дека се прифаќа Преспанскиот договор, а за понатамошниот концепт ќе треба да почекаме мандатарот да го објави заедно со следните постапки. – вели Спасовски во гостување на ТВ 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…