Спасовски се враќа како носител во „двојката“, Лукаревска оди во „тројката“, жестока „битка“ за „единицата“
Оливер Спасовски се враќа дома, според инфорамциите на ТВ 24 по рекциите во партијата, координативното тело на Димитар Ковачевски задолжено за партиските листи за пратеници го враќа Спасовски за носител на втората изборна единица, каде ќе треба да се соочо со Владо Мсијаловски, Африм Гаши, но и најверојатно со довчерашниот сопартиевц Горан Минчев како тркач на Максим Димитриевски.
Ова е една од промените на листите за кои посред информациите на ТВ 24, Ковачевски ќе бара поддршка на конгресот на СДСМ во сабота. Планот е втор да остане Фатмир Битичи, а Сања Лукаревска од носителка во двојка, да ја лансирата прва во тројка во тројка со Љупчо Николовски.
Она што е изненадување е промената што на „Бихаќка“ планира за шестката, односно, наместо актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, прв на листата да застане релативно за јавноста непознатиот, претседателот на младината Марко Михаиловски, а зад него да се нареди Агрон Демири. Според овој предлог на координативното тело, во кое според инфорамциите на ТВ 24, е најтесното партиско раководство на партијата, Петровска би се вратила во матичната 2, како трета.
Останатите фаворити на Ковачевски, остануваат тие што ги објави ТВ 24, во петката, собранискиот спикер Јован Митрески и Бисера Костадиновска како т.н. ко-носителка, во четворка Венко Филипче, а зад него Јована Тренчевска. Иако не е официјализиран Филипче, како и неговиот политички опоненет од ВМРО-ДПМНЕ деновиве можат да се видат рартрчани на терен. Единицата е резервирана за Ковачевски, а од коалициските партнери на СДСМ, единствено Моника Зајкова ќе го има високото второ место зад лидерот.
Аптетите во првата изборна единица традиционално се и најголеми, на листата добитни позиции очекуваат и Бојан Маричиќ, Викторија Аврамовска Мадиќ, но и Мартин Попов, Митко Трајчулески, а во единицата позиција очекува и Петре Шилегов.
Во ВМРО-ДПМНЕ ситуацијата е почиста, единствено, Мицкоски се уште се мачи со петта изборна единица изборот е меѓу Љупчо Коцарев или генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски. Според информациите, поддршката на базата ја има Сајковски. Во единицата останува Мицкоски, двојка Владо Мисјаловски, тројка Драган Ковачки, четворка Николовски, и шестка Дафина Стојановска.
Сепак, плановите на лидерите и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, но и на координативното тело на Бихаќа, ќе мора да добијат потврда од највисоките партиски тела, меќу кои и Конгресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…